ЈСП : БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

0
421

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.

Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од денеска па сè до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното Министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.