КАСАМИ КОН КОВАЧЕВСКИ : СЕКОЈ КОЈ Е ПРОТИВ ЈАЗИКОТ Е ПРОТИВ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ!

0
347

Лидерот на Беса, Билал Касами реагираше на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека „процеси што се од стратешко значење не можат да бидат предмет на уценување“, во одговор, пак, на вчерашната изјава на Касами дека Беса ќе ги поддржи измените на Уставот, под услов власта да се согласи на одржување предвремени парламентрани избори следната пролет. Касами, како што вели, разбира дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА.

-Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори, стои во реакцијата. Додека кога зборуваме за уставните измени, се додава во соопштението, Беса уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20 проценти“ и да се замени со терминот „албански јазик“, се наведува во реакцијата на Касами. -Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Северна Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија, стои во реакцијата на Касами.