СДСМ : СО ЛУСТЕРИ И ПЛОЧКИ ОД 100.000 ЕВРА ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ОБРАЗ ДА ЗБОРУВА ЗА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

0
726

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, нема никаков кредибилитет да зборува за животниот стандард.

Од скромна жолта куќа направија бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра.

Лагите и манипулациите што ги пласира оваа партија изминатите денови е очаен обид за свртување на вниманието од случајот Талир-2 и барањето за одземање на нивната Бела палата во која за една вазна платиле 180 000 евра.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не одвоија ниту еден денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања,  за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.

Одамна на граѓаните им е јасно дека оваа партија не може да понуди ништо освен криминал и расипништво.