МАРИЧИЌ ЗА ,,КАНАЛ 5″ : ИМАМЕ АМБИЦИЈА И ЦЕЛ ЧЛЕНТВОТО ВО ЕУ ДА СЕ СЛУЧИ ШТО ПОСКОРО

0
569

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски преговарач, Дрбњак, учествуваше во емисијата „Жешко политичко лето“, каде изјави дека треба да имаме амбиција, и цел за членството во ЕУ да се случи што поскоро, односно Северна Македонија да влезе во првото наредно проширување на Европската Унија кога и да биде тоа.

Нам ни е важно да ова време, оваа година и половина од скринингот, и понатаму фазите на отворање на поглавјата и кластерите да ги искористиме максимално за да ги изведеме потребните реформи, рече Маричиќ додавајќи дека овие години сега треба да ги искористиме максимално.

Експертот Дробњак додаде дека најважното нешто што Северна Македонија може да го научи од Хрватска е дека успехот е возможен, дека преговорите можат успешно да се завршат и може да се стане член на Европската Унија.

Хрватската приказна покажува дека тоа не е невозможна мисија, туку тоа е дофатливо и возможно. Секоја генерација на преговорите е специфична на свој начин, и вашите преговори не се во потполност исти какви што беа хрватските, ниту преговарачките рамки се исти. Но, некои основни правила остануваат исти, преговорите имаат своја многу специфична димензија, која бара вклученост на што поширок круг во општеството, истакна Дробњак.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ, во емисијата рече дека целосно сме  подготвени за почеток на преговорите и дека имаме добар тим, истакувајќи дека имаме и енергија и сила и волја и знаење да ги започнеме и успешно да ги завршиме преговорите.

Експертот Дробњак смета дека целта на Северна Македонија до 2030 да стане членка на Европската Унија е еден многу амбициозен, но истовремено и добро поставен датум, осврнувајќи се на примерот на Хрватска.

ие добивме јасен увид во терминот за пристапување шест месеци пред затворањето на последното поглавје. Ние полни пет години преговаравме бе да знаеме кога ќе влеземе во Унијата. Тоа не е процес во кој однапред може да се дефинира датумот. Сега на Владата на Северна Македонија и на целото општество, да го најдете вистинскиот начин. Ако се фати добар ритам, ако се влезе со полна сила во реформите, на администрацијата, на законодавството, ако тоа навистина стане еден општ национален проект, мислам дека можете да одите со едно навистина добро темпо напред, потенцираше Дробњак.