ЗАЕВ НА ТРИБИНАТА ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” ВО ДЕБАР : МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНА ПЛАТА ЗА 4 ГОДИНИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ЗА ОКОЛУ 6.000 ДЕНАРИ, НЕВРАБОТЕНОСТА ЈА НАМАЛИВМЕ НА 16 ОТСТО

0
1081

Соопштение за јавност

За овие четири години, СДСМ презеде низа одлучни чекори кои донсеа еднаквост, интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.

Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притосок за покачување на сите плати. Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари. И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот.

Претседателот Заев се осврна и на странските инвестции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност.

Имаме 34 инвестиции, компании од сите индустрии кои отворија свои капацитети овде ширум државата. Во моментов, преговараме со 30 нови компании кои отвораат над 15.000 работни места. Кога ја презедовме власта стапката на невработеност беше 26 отсто, денес таа изнесува 16 отсто и правиме се за уште повеќе да се намали и се надевам дека уште оваа есен ќе имаме капацитетност на сите млади да им понудиме веднаш да тргнат на работа“ посочи претседателот Заев додавајќи дека и во време на коронакризата, се спасија работни места, платите не се намалија туку напротив, тие растеа, а пензиите се исплатуваа дури и пред време.