МАНЧЕСТЕР СИТИ ПОД ИСТРАГА ЗА КРШЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИОТ ФЕРПЛЕЈ, МОЖНО Е ИСФРЛАЊЕ ОД ЛИГАТА И ОДЗЕМАЊЕ НА НЕКОЛКУ ТРОФЕИ

0
498

– Премиер лигата соопшти денеска дека актуелниот англиски шампион Манчестер Сити е под истрага на независна комисија за можно кршење на правилата на финансискиот ферплеј.

Комисијата, како што е соопштено, треба да ги истражи финансиското работење на клубот во периодот од сезоните 2009/10 и 2017/18.

Според Премиер лигата, Манчестер Сити ги прекршил правилата на лигата за задолжително обезбедување „точни финансиски информации кои даваат вистински и фер приказ на финансиската состојба на клубот“, а се однесуваат на сите приходи вклучувајќи и приходи од спонзорства), детали за платите и надоместоците за тренерите и играчите, како и почитување на припосите на УЕФА, профитабилноста и финансиската одржливост.

Манчестер Сити во февруари 2020 година беше исфрлен од натреварувањата на УЕФА поради наводно кршење на финансиските правила, но подоцна истата година Спортскиот арбитражен суд ја поништи казната.