РЕЖИМОТ ПРЕД ФИНАНСИСКИ КОЛАПС: Зголемена побарувачката на девизи, НБРМ ја зголеми каматната стапка на благајничките записи

0
1031

Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, е зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25 на 4 проценти, соопштија од Народна банка.

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и на притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на дејствувањето на фактори од неекономска природ.“ се наведува во соопштението на Народна банка.

Сепак, НБРМ и понатаму ги оценува економските фундаменти како здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата.

„Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен пораст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и понатаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови“, се наведува во соопштението.