ЕРДОГАН ПРОГЛАСИ СЕДУМДНЕВНА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ

0
383

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предмалку прогласи седумдневна национална жалост поради катастрофалните земјотреси кои денеска ја погодија Турција, а однесоа илјадници животи.

Во писмената изјава објавена на профилот на социјалните мрежи на претседателот Ердоган, се наведува: „Прогласивме национална жалост во текот на седум дена поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари 2023 година. Нашето знаме ќе биде поставено на половина копје до недела, 12 февруари 2023 година, во целата наша земја и во странство“.