БОМБА ОД БИХАЧКА: НЕ Е ТОЧНА СТОРИЈАТА НА КОХА ДЕКА Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО ДУИ!

0
768

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени, пишува весникот Kоха кој дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи.

Со ова, како што објави Коха, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Според весникот, официјални лица од обете политички партии потврдиле дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја објават  следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место – за СДСМ три години и една година за ДУИ.

„Останува само да се договори која партија ќе го има ова место во првата година“, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

Мактел ја испрати сторијата на верификација во највисоките раководни лица на СДСМ и од таму ни изјавија дека се работи за шпекулација.

– Коха е близок до ДУИ и вака се тестира јавноста со вакви стории кои не се точни, уште нема договор за идната влада. – ни изјавија од СДСМ.