ВМРО-ДПМНЕ : КАКВА Е ПОВРЗАНОСТА НА МАНОЛЕВА СО НАБАВКАТА НА АПАРАТОТ ЗА РОБОТИКА ВРЕДЕН 940.000 ЕВРА НАМЕСТО ДОГОВОРИ МОЛЧИ СО ПРИМЕРОТ “ИСТЕЧЕНИОТ СЕРТИФИКАТ”

0
228

❗️Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како класичен партиски полтрон на дело покажа како не се води грижа за здравствениот кадар со тоа што два месеци не изусти збор за непотпишувањето на согласностите за вработување на 1017 здравствени работници од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими.

❗️ Манолева не беше ниту заинтересирана два месеци зошто само во Болницата во Тетово има издадено согласности за вработување на 100 здравствени работници, наспрема сите останати јавни здравствени установи за кои не беше потпишана ваква согласност.

❓Каква е поврзаноста и зошто Манолева молчи за набавката на апаратот за роботика во Завоодот за физикална медицина и рехабилитација од каде и сама доаѓа, ако се земе во предвид дека во Македонија е набавен 940 000 евра, а во Хрватска пред неколку години сличен таков бил набавен 200 000.

❓Зошто Манолева од позиција на директор на оваа установа ги укина обуките за вработените и за која намена сега одат овие средства.

❓Дали по истиов принцип Манолева премолче и за феноменот “истечен сертификат” со што ја пушти низ вода директорката на Инфективна клиника, која до вчера ја третираа како херој на пандемијата.

❓ Планира ли Манолева да побара ревизија и да го поништи огласот за вработувањата во Болницата Гостивар каде балансерот се применува така што од 25 нови вработувања – само 2 се Македонци. Од 10 доктори и 10 медицински сестри – ниту еден Македонец.

➡️Вавквиот молк на Манолева ја потврдува негрижата во кадарот, како резултат на што се затворени цели специјалистички оддели. Заради ова и заради целосно деградирање на здравството ќе бидат поразени, а системот ќе биде целосно рестартиран по формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Фејсбук статус на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ