МАРИЧИЌ : ОВА Е ПРЕДЛОГ НА КОЈ ТРЕБА ДА МУ СЕ ДАДЕ ШАНСА

0
624
Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во гостувањето на „Сител“ рече она што е најважно во овој предлог е што ги обезбедива нашите црвени линии, утрврдени во Собранието од сите политички партии.
-Во тек се консултациите и интензивни контакти со кои сакаме разумно и со ладни глави да донесеме одлука. Имаме предлог во којшто македонскиот јазик е целосно гарантиран, без додавки, без фусноти, без ѕвездички и е вграден во самата преговарачка рамка, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ посочи дека секогаш и СДСМ и Владата се обидувале да работат со што поголем концензус и секогаш во интерес на граѓаните, иако постојано сме биле обременети со тешки проблеми и проблеми со соседите.
-Ние мали политички поени можеме веднаш да собереме, ако денес кажеме не на овој предлог. Но, проблемот нема да замине и ќе мора пак да бараме решение како достоинствено како македонци со македонски јазик да влеземе во ЕУ, додаде Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ рече дека Бугарија исто така има сериозни промени во ставовите и дека  рамковната позиција пред три години која што беше усвоена од Собранието во однос на тоа што е денес, е сосем различна.
-Тоа значи дека нашата борба се исплатела и дала резултати. Сега нам ни е битно овој предлог да добие легитимитет за да можеме да го спроведеме. Можеби ова не е последна шанса меѓутоа ќе биде една пропуштена прилика ако кажеме не дефинитивно. Конечниот став ако одлучиме да кажеме не, ќе треба да објасниме кои се натамошните чекори. Мислам дека  треба овој момент да дадеме прилика, потенцираше Маричиќ.