Ако оние на протестите изразуваат незадоволство, што изразуваат оние на контрапротестите?

0
1160

Ако оние на протестите изразуваат незадоволство, што изразуваат оние на контрапротестите?

1) Задоволство?
2) Незадоволство од незадоволните?
3) Незадоволство од незадоволството на незадоволните?
4) Задоволство од незадоволството на незадоволните?
5) Незадоволство од задоволството на задоволните?
6) Задоволство од ненаситните?
7) Незадоволство од нешто, нема врска.
8) Незадоволство од тоа што директорот ги ставил на список и мора да одат да контрираат?

Ај, сум ги збунил, ова се тешки реченици + треба да се вклучи и логика, а тоа е мака голема. А кој се родил мора само да умре, се друго е релативно и е самооправдување за малодушноста и страшливоста која кај нашите луѓе е така, прилично големка. Ведната глава сабја не сече? Ајде? Ведни глава, ведни глава, и еден ден пак ќе умреш – ама со наведната глава!

(Посветено на оние што ги тераат да одат на протести, а не им се оди, и сепак одат на протести оти мислат дека мораат, оти им е страв да не ги избркаат од работа. Има и такви.)

Тихомир Јанчовски – Фејсбук статус