Заев : Ако Груевски остане премиер опозицијата излегува на улица!

0
1236

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски рекол дека доколку не се постигне Влада во која нема да биде Груевски, СДСМ ќе одбие отпочнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување.

zaevsredba

Како што информираат од СДСМ, тема на средбата била рамката за преговори утврдена на вчерашната средба на политичките субјекти со еврокомесарот за проширување во Скопје, Јоханес Хан.

– Докоментот содржи добра стартна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници на документот. Во документот е прецизно наведена обврската за Влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10-ти јуни во Брисел е да се договори профилот на таа Влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на Влада во којашто нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија. Доколку тоа не се постигне, СДСМ ќе одбие отпочнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување – рекол Заев.

Ð-аев Ð-Ñ-лÑ-ановÑ-ки2

На средбата посебно станало збор и за механизмите за имплементација на поглавјата 23 и 24 од Скрининг процесот, за што се обврзаа вчера потписниците, а коишто треба да обезбедат независен правосуден систем и ослободување на медиумите од контролата на актуелната власт.

На средбата, како што информираат од СДСМ, заеднички е констатирано дека Македонија се наоѓа во најдлабоката политичка криза од независна Македонија и дека е исправена пред сериозни предизвици за враќање на демократските процеси.

– Европската Унија и меѓународната заедница се исто така пред предизвикот на практично ниво да ги потврдат заложбите за европските вредности што се бараат од земјите кандидатки и членки на ЕУ и НАТО, преку поддршка на принципиелни процеси какви што се потребни за специфичната ситуација во Македонија – рекол претседателот на СДСМ на денешниот состанок со амбасадорот на Полска, Мултановски.