(ЛУДО ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ НА ИСТА БРАНОВА ДОЛЖИНА СО ВМРО-ДПМНЕ : ИЗБОРИ ВО ПАНДЕМИЈА НЕ СМЕЕ ДА ИМА, АМА АКО ИМА ДАЈТЕ ГЛАСАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

0
1246

Единствена Македонија во пресрет на утрешната т.н. лидерска средба кај Стево Пендаровски го реафирмира барањето за електронско гласање што го промовираше претседателот на партијата Јанко Бачев во изјава за јавноста од 5 мај 2020 година. Се разбира, можно е и комбинирано гласање.

Избори во неприродни услови за време на пандемија со коронавирсуот, со маски, ракавици, големи редици и т.н социјална дистанца ќе доведе до мала излезност што ги прави изборите нечесни и нелегитимни. Гласањето со маски и ракавици потсвесно делува кај луѓето дека можат да бидат заразени и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето, нормално ќе го одберат здравјето.

Единствена Македонија ги повикува актерите на утрешната т.н. лидерска средба кај Пендаровски да прифатат електронско гласање од дома, со што се обебзбедува масовно гласање, и ајде сите на избори.

Ја користиме приликата уште еднаш да го осудиме форматот на утрешната средба кај Пендаровски со две македонски и дури пет албански партии кои треба да одлучуваат за изборите и изборната кампања за сите учесници на изборите.