ТРИЧКОВСКИ : СТРАЗБУР ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

0
328

Победа

Стразбур ја отфрли тужбата на злосторниците против Македонија. Односно ја прогласи аболицијата на Иванов за неважечка.
Тоа е победа на правната држава.
На нормалноста и модерноста.
На институционалноста.
На правната моќ и на моќта на правото.

Второ, тоа е пораз на обидот на вмро-дпмне со квазиправни интервенции да ги спаси најодговорните злосторници во своите редови од прогон. Таква беше смислата на изнудената одлука на Уставниот суд во врска со прогласувањето на повлекувањето на членот на кој се беше повикал Иванов, за неуставно.
Трето, одлуката на Стразбур можеме да ја толкуваме и како потврда на приватната ординација во што режимот на Груевски и вмро-дпмне го беа претворил правниот систем во Македонија.

Четврто, одлуката покажува од колкаво и какво значење се интегративните процеси на Македонија, одлепувањето на Македонија од самата себе, арбитражната улога на повисоките инстанци кои можат да ги отстранат дефектите кои произлегуваат од балканскиот менталитет на злоупотреби, политички корупции и инцестуозни и фамилијарни констелации.

Петто, одлуката го исфрла вмро-дпмне во неговата мицковистичка варијанта како мртва школка во песокта, како антидржавен елемент, субјект на злото, на хаосот и катастрофата, на толкувањето на правото како сервис на партијата и ништо повеќе.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.