ДАЛИ РУСКОВСКА ОДДАДЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНА НА ГЕРМАНСКАТА СЛУЖБА ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОГА ?!

0
1110

Германски колега кој се занимава со криминалистички истраги и предава на реномиран германски Универзитет забележува на „леснотијата и начинот на кој актуелен јавен обвинител коментира случај којшто и денес е во фокусот на интерес на германските специјализирани полициски служби (Франкфурт мафијата)“. Посебно го нагласува делот во којшто таа објаснува за нејзина неформална комуникација со јавен обвинител од Франкфурт „Мартин“ кај кого се интересира за еден од приведените македонски државјани во полициската акција против нарко-групите познати во Германија и Австрија како „Франкфурт мафија“, кој пак имал статус на „прикриен агент“ на немакедонска служба. Таа во интервјуто открива службена тајна на Германската служба за борба против дрога дека, еден од уапсените во акцијата против нарко-групите во Германија и Австрија, а сега осуден за настаните од 27 Април во Собранието, всушност бил „андеркавер“ или „прикриен агент“, но не наша безбедносна служба.

Гостувањето на ЈО Вилма Русковска во емисијата „Во Центар“ на новинарот и аналитичар Васко Ефтов разбранува повеќе центри кои недвосмислено испраќаат пораки дека, непрофесионалното однесување на јавен обвинител за прашања, операции и случаи во тек е сериозно нарушување и загрозување на полициските соработки на нашата полиција со полициите во земјите од ЕУ.

Германскиот колега кој се занимава со криминалистички истраги и предава на реномиран германски Универзитет забележува на „леснотијата и начинот на кој актуелен јавен обвинител коментира случај којшто и денес е во фокусот на интерес на германските специјализирани полициски служби (Франкфурт мафијата)“.

Посебно го нагласува делот во којшто таа објаснува за нејзина комуникација со јавен обвинител од Франкфурт „Мартин“ со кого неформално разговара – се интересира за еден од приведените македонски државјани во полициската акција против нарко-групите познати во Германија и Австрија како „Франкфурт мафија“, кој пак имал статус на „прикриен агент“ на немакедонска служба.

Имено, таа во интервјуто открива службена тајна на Германската служба за борба против дрога дека, еден од уапсените во акцијата против нарко-групите во Германија и Австрија, а сега осуден за настаните од 27 Април во Собранието, всушност бил „андеркавер“ или „прикриен агент“, но не наша безбедносна служба.

Независно на дејствијата за кои тој бил притворен во Германија и каква улога имал во таа полициска акција, слободната и непрофесионалната комуникација на јавен обвинител кој не го водел случајот „Диригент“ (кодното име за германско-македонската истрага и полициската операција), претставува сериозен јавнообвинителски преседан или оддавање на службена тајна.

Назависно (исто така), за што е судено и осудено лицето тука, овие информации може да го загрозат животот на осудениот, ако се има во предвид дека, во продолжението на интервјуто неговото име и „досие“ како соработник на служби се става во контекст на формирање на патриотските друштва „Ќосиња“ чиишто членови се осудени за настаните во Собранието на 27 април.

Новинарот се надоврзува на објаснувањето на обвинителката Русковска и посочува податок дека, „андеркаверот“ за кој зборува обвинителката „додека на бил притворен за настаните од 27 април, секој месец подигал средства со каса прими од Агенцијата за разузнавање како нивен соработник“, алудирајќи дека лицата кои ги имале досијеата за „тие луѓе“ ги употребиле за формирање на патриотските друштва кои беа предмет на истрага за настаните од 27 април која истрага ја води токму ЈО Вилма Русковска.

Во интервјуто ненагласено беше спомнато името на Лазе Велковски кој родум е од Велес (центарот на Франкфурт мафијата), а кој во тој временски период беше вработен во Агенцијата за разузнавање откако по промената на власта во 2006 година заминува од позицијата „директор на Бирото за јавна безбедност“ од МВР.

Во времето на формирање и дејствување на патриотските друштва „Ќосиња“ (2016-2017), Лазе Велковски од времето на техничката влада (Пржино 1) „се враќа во МВР“ на позиција директор на БЈБ, а подоцна началник за организиран криминал.

Останува загатнато прашањето: Каква била улогата и дали Лазе Велковски пројавил „грижа за андеркаверот – осуден за настаните од 27 април како „Ќосето од Велес“? и, Каква е моменталната формална позиција и релација на јавната обвинителка Русковска со Велковски кој како пензионер „со договор за дело е ангажиран во обвинителството за ГОКК“?

Одговорите на овие две прашања можеби фрлаат светло на „професионализмот“ споменат погоре за тоа кој и од каде ги црпел овластувањата и слободата да работи и да коментира прашања за кои нема права и обврски.

Huge ‘Macedonian-led’ heroin ring broken up in Europe

Акцијата „Диригент” е голем удар врз наркомафијата и претставува пример за сите во регионот, но и во Европа, како треба да се бориме против сериозниот меѓународен криминал, изјави тогаш министерката Гордана Јанкуловска.

Македонската полиција во соработка со германската служба за борба против дрога интензивно работеле цела година, при што биле обезбедени докази против лица што се организирале во криминални групи, а потоа препродавале дрога на наркозависници во Франкфурт. Полицијата идентификувала три криминални групи во кои членувале македонски државјани.

Во рамките на истрагата беа опфатени 62 лица, од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Во Германија беа приведени 26 македонски граѓани кај кои германската полиција пронајде и заплени 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30.000 евра. Нашата полиција заплени околу 5 килограми хероин, кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција, а потоа да го транспортираат за Франкфурт.

Првата криминална група ја организирале лица од Велес и по нивни инструкции во  Франкфурт и околината била набавувана наркотична дрога хероин, како и смеса за мешање на хероинот кој бил нуден на улична продажба на зависници во Франкфурт. Оваа организирана криминална група се поврува со три заплени на хероин во Франкфурт СР.Гермнија. Во првиот случај хероинот е набавен од албански државјанин, во вториот реализиран случај претходно набавената дрога, ја сокриле на две различни локации на подрачјето на градот, додека во третиот случај во близина железничката станица  во Франкфурт, подигнале хероин  предходно сокриен.

Во втората криминална група организатор е 38 годишно лице од Свети Николе  кој во  почетокот на ноември 2012 година, организирал мрежа на посредници за неовластено купување и неовластена продажба на наркотична дрога хероин во три области во Франкфурт. Истиот пронаоѓал лица од земјава кои ги испраќал во Франкфурт и по негови инструкции вршеле улична продажба на хероин. Дрогата ја криеле во стан и во парк во близина на станот, а германските служби реализираа еден случај во кој на бугарски државјанин му продале 1,3 килограми хероин.

Во третата криминална група како организатори се идентификувани две лица од Велес и Скопје. Во септември 2012 година, тие испратиле 25 годишна девојка од Велес, во Амстердам да набави  наркотична дрога хероин и хемиска супстанца, кој го предала на член на групата, подоцна приведен на железничката станица во Франкфурт.

Таканаречената „Франфурт мафија“, која повеќе од 10 години е инволвирана во сериозен меѓународен криминал тогаш доживеа голем удар. Во сите досегашни акции, во земјава и надвор поради поврзаност со оваа група се приведени преку 500 лица. Најголемиот дел, околу 460 се приведени на територијата на Германија, Австрија и Холандија. Во земјава од 2009 година наваму се приведени 70 лица. Запленети се преку 220 килограми хероин, 4 килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се трансфери на пари тешки неколку милиони евра, а десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот.

Oперациите на германските служби за борма против нарко-групите во Германија и недозволената трговија со дрога во Европа никогаш не запираат, а со тоа не завршува обврската за тајност на сите кои работат на тоа поле. Ова особено важи за јавните обвинители и припадниците на полициите и службите кои за лична себепромоција зборуваат за  „unfinished operations“

360˚ Трајковска: Груевски зборуваше за Ќосето, па сега некое ќосе околу него ги собра сите ќосиња

Извор : Фросина Ременски