ЛЕФКОВ : ПЕНДАРОВСКИ ЛАЖЕШЕ КОГА ВИКАШЕ “НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР”, ЗА НА КРАЈ ДА ЈА УРНИСА ПРАВДАТА И ДА КУМУВА СО КРИМИНАЛОТ НА СДС

0
356
Пресконференција на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Почитувани,
 
Стево Пендаровски дојде на власт на бранот “Нема правда, нема мир”, го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа.

Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал.

Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека “Нема правда, нема мир” беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон.

Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста.

На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони.

Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.