СПАСОВСКИ : СДС ЈА ПОТОНА ОПШТИНАТА ВО ДОЛГОВИ

0
125

Пресконференција на Емил Спасовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива.

Почитувани сограѓани,

Три институции во Крива Паланка раководени од кадар на СДС веќе подолг временски период поради недомаќинското работење се соочуваат со сериозни финансиски проблеми:

Прво е ЈП Комуналец-Крива Паланка во кое доспеаниот долг кон доверителите е над 25 000 000 денари. И по смена на двајца директори во рекордно кратко време, наместо да се подобрува, ситуацијата во оваа институција е се полоша. Вработените се разочарани бидејќи нивната плата со мака заработена доцни со денови. Завршната сметка за 2023 година која за некој ден ќе биде поднесена до Советот на Општината ќе покаже и со факти дека Јавното претпријатие работи со големи загуби позади кој стои огромен криминал!

И наместо да се бараат конкретни долгорочни решенија за решавањето на хаосот кој сами го создадоа, се измислуваат нови експерименти, се преземаат нелогични чекори, и се вработуваат луѓе кој имаат за задача да го контролираат директорот или народски кажано да биде директор на директорката, кое работно место не постои во систематизацијата на претпријатието.

Ученичкиот дом „Боро Менков“ е исто така подолго време во лоша финансиска состојба. Покрај постојаното доцнење на платата, вработените се без здравствено осигурување подолг временски период, а во прашање се доведува и опстанокот на народната кујна која ја користат 88 луѓе од Крива Паланка и Ранковце. Во прашање се доведува и крoвот над главата на 20 ученици кои ги користат услугите на ученичкиот дом.

Покрај овие две институции Градоначалникот Сашко Митовски со неговото егзибистичко однесување и недомаќинско работење во лоша финансиска состојба ја доведе и Општината. Доспеаните, а не подмирените обврски што ги пренесе од претходната 2023-та година се над 24 000 000 денари или околу 390 000 евра. Лошата финансиска состојба градоначалникот ќе ја решава преку земање на кредит од некоја од Комерцијалните банки во висина 107 000 000 денари или нешто над 1,7 милиони евра кои средства во најголем дел ќе бидат потрошени за сервисирање на долгови направени во изминатите 6 години. Овој кредит дополнително ќе ја влошува финансиската состојба на општината, особено по 2 години кога ќе заврши грејс периодот и кога ќе започне со исплатата на ратите.

На ваквиот хаос мораме да ставиме крај. Народот вели дека немаме институции, немаме држава, ништо не функционира и никогаш не било полошо!

Важно е да ги поразиме, дојдено време за промени, за нова енергија и напредок, за нова надеж и победи!