КОВАЧЕВСКИ : СО МЕРКИТЕ НА СДСМ НОВИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИПАРД 3 ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

0
299
Сите мерки кои ги креираме се мерки со кои македонското земјоделство се приближува секојдневно до европските стандарди, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во денешната изјава за медиуми.
Ковачевски потенцираше, дека Владата предводена од СДСМ, стави силен фокус на максимално искористување на европските фондови за поддршка на земјоделството, што е важно за модернизирање и развој на земјоделството, и за зголемено и конкурентно земјоделско производство.
„Со правилни политики, Северна Македонија стана лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмата, и сега веќе имаме и сериозно зголемен буџет за ИПАРД 3 програмата во износ од 100 милиони евра, многу поголем во по  глава на жител во однос на другите држави од регионот. Први почнавме да ја користиме ИПАРД 3 програмата и имаме поголема искористеност и од дел од земјите членки на ЕУ“, рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека европскиот пат е трасиран и секое враќање назад значи штета за земјоделство, за економијата, за нашите земјоделци.
„Ние нема да отстапиме од европскиот пат, од користењето на европските фондови од инвестирањето во големи индустриски капацитети. Нашата цел е развиено земјоделство по европски стандарди, кое им носи профит на земјоделците и е сигурен извор на егзистенција. Со напорна работа, нема недостижна цел, а тоа го потврдивме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.