Димитар е против скептиците: Бербатов објасни зошто Игало ќе биде супер засилување за Јунајтед

0
1361

Димитар Бербатов во неколку колумни по ред пишуваше дека на Манчестер Јунајтед очајно му треба голгетер, а иако многумина се скептици за последниот потег кој го повлече клубот во јануарскиот преоден рок, поранешниот бугарски центарфор верува дека ангажманот на Одион Игало е повеќе од добар потег.

Нигерискиот напаѓач се очекува да го искористи своето искуство и да му помогне на тимот во наредните неколку месеци, но за разлика од дел од фановите кои не се оптимисти, Бербатов потенцира дека статистиката на Игало ветува многу позитивни нешта на „Олд Трафорд“.

– Мислам дека Игало беше многу добар чекор на Јунајтед. Игало играше во Премиер лигата и беше навистина добар во Вотфорд. Тој знае што може да очекува во Премиер лигата и тоа е добра вест за сите. Постигна голем број голови во Кина и неговиот рекорд во Нигерија е исто така импресивен. Едвај чекам да го видам на теренот, љубопитен сум за тоа како ќе се снајде во системот на Солскјер. Рашфорд и Марсијал сакаат да го скратат аголот од левата страна и се таков тип на играчи кои доаѓаат како крила. Јунајтед немаше чиста 9-ка оваа сезона. Игало ќе им го донесе тоа и едвај чекам да видам како ќе играат со него во тимот. Ми се допадна првото интервју кое го направи за клубот, се гледа дека сака да игра за Јунајтед. Дури и се согласил на помала плата за да дојде во Јунајтед и убаво е да се види играч кој покажува страст и желба да игра за клубот. На Јунајтед му се потребни повеќе вакви играчи, – потенцира Бербатов.