КАКО МОЖЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ НОВАТА ФУНКЦИЈА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЕКРАН НА WHATSAPP

0
571

WhatsApp продолжува со својата тактика да објавува нови и интересни функции една по друга.

WhatsApp сега воведува нова функција за споделување екран во рамките на видео повиците, која би требало да им помогне на корисниците за време на деловни состаноци или приватни разговори.

Марк Цукерберг, шеф на Мета, истакнува дека WhatsApp додава нова функција која наскоро ќе биде достапна за сите.

Се очекува дека новата опција би можела да биде голема конкуренција на она што го нудат другите апликации за видео повици, како што се Google Meet и Zoom, кои сега ќе треба да вложат дополнителни напори за да бидат поконкурентни.

За да ја користите функцијата за споделување екран за време на видео повик на WhatsApp, треба да го притиснете копчето „Share“ кога сте во видео повик и да изберете што сакате да се прикаже.

Во моментов, можно е да додадете до 32 луѓе во еден видео повик, што е погодно за помали состаноци.