ЕСМ ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ

0
1204

АД ЕСМ остро ги демантира лагите на ВМРО – ДПМНЕ дека причина за евентуалното зголемување на цената на струјата, се загуби на компанијата или неодговорно работење.

– Производството на електрична енергија е намалено заради кризата со коронавирусот, односно помалата побарувачка на струја на домашниот и странските пазари. Со тоа, намалени се приходите во компанијата, за што особено впечатлив пример е продажбата на електрична енергија. Годинава АД ЕСМ само еднаш продаде електрична енергија за 5 милиони евра, додека минатата година приходите по овој основ изнесуваа 22 милиони евра – се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека износот на депозитот за кој зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ е зголемен во споредба со она што беше наследено во АД ЕСМ. Прекината е и праксата да се увезува скапа струја што ја практикуваше лидерот на опозициската партија. Јавните набавки во подружниците на АД ЕСМ се согласно законите на државата, иако и тоа во ВМРО – ДПМНЕ веројатно тешко може да го разберат.

– Наместо да заговараат бркање од работа на работници под превезот на терминот “раководните структури да направат подлабоки резови и оптимализација на работењето”, ВМРО – ДПМНЕ треба да признаат дека земјава води успешна енергетска политика, а граѓаните сеуште ја плаќаат најниската цена на струјата во Европа и ги користат придобивките од евтината тарифа – велат од ЕСМ.