ШИЛЕГОВ ГИ ПОСЛУША БУРНИТЕ РЕАКЦИИ И СЕ ПРЕДОМИСЛИ : УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЌЕ СЕ РЕНОВИРА, А ЌЕ СЕ ГРАДИ УШТЕ ЕДНА НА НОВА ЛОКАЦИЈА!

0
800
Универзалната сала да се реставрира, а на нова локација да се гради нова мултимедијална сала е личната желба на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, кој денеска на брифинг со новинарите ги образложуваше опциите за судбината на од Универзалната салач. Ова следува по бурните реакции на скопјани откако беше распишан оглас на местото на салата да се направи летна сцена што отвори можност за рушење на салата.

Како што кажа Шилегов, во градот има три проекти за Универзална, првата е да се гради нова сала на постојната локација, втората на нова локација и последната за реставрација на постојната и изградба на нова мултимедијална сала на нова локација. Негова лична желба е да се реализира третата опција, но тој ги објави овие идеји за нив да се изјасни Владата, стручната јавност и граѓаните, а најави и дека ако треба ќе биде спроведен и референдум.

Сепак според првичните проценки, за изградба на нова и обновување на старата зграда потребни се 20 милиони евра, пари кои Шилегов ќе ги бара од Владата. Универзалната сала не функционира неколку години и покрај големиот број на идеји, досега не се најде решение за да профункционира културниот белег на градот.