АНДРЕСКИ : ПРИОРИТЕТ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗАТА Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА И ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

0
349

СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен со граѓаните, поставена на победничките патеки со политичка извесност најмалку до 2024 година, рече организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески во Кабинци, пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“. Андрески истакна дека додека СДСМ посветено работи на реализација на стратешките цели за евроинтеграцијата на државата, со заштитен македонски јазик и идентитет, со навремени и ефикасни мерки се справува со сите предизвици што ги носи кризата, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.
Им потонаа сите лаги за бугаризација и асимилација на државата, заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, државата остана без 100 милиони евра од ЕБОР за справување со кризата, а на локално ниво, градоначалниците и советите на ВМРО-ДПМНЕ ја изневерија довербата граѓаните, не работат ништо, не ги реализираат ветните проекти, се караат за провизии и тендери, нагласи Андрески. Организациониот секретар Андрески нагласи дека во време на најголемата економска и енергетска криза никој нема да биде оставен сам.
Продолжува субвенционирањето на струјата со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании. И понатаму 42.000 граѓани од најранливи категории, ќе добиваат директна финансиска помош. Пензиите се зголемени за сите 330.000 пензионери, а оние со најниски пензии оваа зима ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари финансиска поддршка, рече Андрески, додавајќи дека продолжува грижата и инвестиции во земјоделството како клучна стопанска гранка.
Во време на најголема светска економска криза, наш приоритет е зголемување на домашното производство на храна, и силна, навремена и ефикасна поддршка на домашните земјоделци и тоа го покажуваме на дело. За оваа година одвоивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, им ставивме на располагање над 13.000 хектари државно земјиште за да одгледуваат првенствено житни култури, нагласи Андрески.
Тој истакна дека преку зголемениот интервентен фонд е обезбедена помош за набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури.
Добра вест за земјоделците е што го транформираме системот на субвенционирање. Од следната година сите земјоделци авансно ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите, нагласи Андрески.
Го поттикнуваме домашното производство во домашните капацитети. Создаваме нова економска визија за европска Македонија, заедно ја менуваме нашата татковина и ќе ја промениме, во попросперитетна и стабилна земја, почитувана дома и надвор, идна горда членка на ЕУ, порача организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Карбинци.