Општина Гази Баба ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка за месеците во вонредната состојба

0
1022

Општина Гази Баба ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка, од месец март па се додека трае вонредната состојба.

Откако претходно ова прашање беше усогласено помеѓу службите од општината и со директорите на градинките, вчера го изгласаа и советниците на Советот на општина Гази Баба.

Со тоа, родителите нема да ги плаќаат сметките за надомест на трошоци од 1 март и се додека не заврши вонредната состојба. Оние родители кои што имаат платено сметка за деновите од март додека не беше прогласена вонредна состојба, ќе им бидат одбиени во наредната сметка која ќе треба да ја платат.

Со овој чекор уште еднаш покажуваме дека интересите на граѓаните ни се најважни, особено во ваква ситуација кога целата земја а и светот се соочуваат со пандемија од вирусот Ковид 19.

Општина Гази Баба и понатаму ќе се грижи за најмладите, за обезбедување на соодветни услови за нивно згрижување во воспитно – образовните установи, за непречено растење и развивање во претшколската возраст.