МАКЕДОНСКА НАЦИЈА : НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ -ЗЕГИН

0
413

Менаџерот Благој Механџиски е лауреат на повеќе награди и признанија за хуманитарни, бизнис, културни и други придонеси и мисии. За тоа тој вели дека кога луѓето го ценат и валоризираат трудот и активноста, тоа некако се преточува во награди и признанија.

За директорот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски 1999 година е значајна, по тоа што тој беше добитник на наградата „Најхумано лице“ во таа година. Оваа награда му беше доделена за неговата докажана хуманост и солидарност, како активист во организацијата „Хуманитарен македонски национален центар за социјала и неразвиени подрачја“ и постојан донатор за зачувување и реставрација на историските вредности во земјава.

Ова високо признание на директорот на „ЗЕГИН“ му го додели Тони Дабески, претседател на „Хуманитарниот македонски национален центар за социјала и неразвиени подрачја“.

Веледрогеријата „ЗЕГИН“, предводена од Благој Механџиски го донесе „Мајлстоун“ (Milestone), најголемиот странски инвеститор во Република Македонија. Тоа е мултинационална компанија која, всушност, е меѓународен финансиски конгломерат. Веднаш потоа, Европското здружение на менаџери на Механџиски му ја додели престижната награда „Нај-нај менаџер во Југоисточна и Средна Европа за 2006 година“.

Благој Механџиски, газдата на веледрогеријата „ЗЕГИН“, на 4 јули 2007 година, во Сараево ја доби престижната награда на Агенцијата за избор на најменаџер на годината за Југоисточна и за Средна Европа. За изборот на најменаџер на годината одлучуваа претставници на стопанските комори и економските аташеа од земјите во овој регион.

Наградата се доделува десет години по ред, а со неа во изминатите години се закитија познати менаџери од регионот, меѓу кои и Живко Мукаетов, првиот човек на најголемата македонска фарамацевтска компанија „Алкалоид“. На овој список се наоѓаат менаџерите на 23 компании, меѓу кои и Србинот Миодраг Мишковиќ, сопственик на „Делта Холдинг“, Ивица Тодориќ на загребски „Агрокор“, Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата Пинк, Људмила Менкова, сопственичката на синџирот бугарски хотели „Холидеј ин – Варна“ и Блаж Песјак од „АЦ Холдинг“ од Љубљана.

Наградата нема комерцијален карактер, туку континуирано се следи работењето на компанијата. Меѓутоа, наградата, исто така, претставува големо признание и поттик да се оди на поголеми проекти, како што е во винарството, во млечната индустрија и во финансискиот сектор.

1blg3212  1blg3213

Компанијата „ЗЕГИН“ , чиј сопственик е Благој Механџиски, е македонски лауреат на престижната награда „Бизнис партнер 2009“, што по 15.пат се одржа во Белград. Во конкуренција на 600 деловни субјекти од Југоисточна Европа, „ЗЕГИН“ застана рамо до рамо со словенечката „КРКА“, „Дукат“ од Хрватска, „Вектра“ од Црна Гора, ЕФГ банката од Грција и уште неколку успешни компании од Унгарија, Романија, Кипар и Бугарија. Од македонските компании ова меѓународно признание досега го имаат добиено само скопската фармацевтска компанија „Алкалоид“ и винарницата „Тиквеш“.

Наградата пристигна кога „ЗЕГИН”  ја одбележуваше 20-годишнината од своето постоење. Според зборовите на менаџерот Благој Механџиски, во изборот учествувале бројни компании, институции, пишани и електронски медиуми, како и повеќе амбасадори и економски аташеа од регионов. Се гласало за најдобрите меѓу најдобрите компании, односно се оценувале нивната професионалност, квалитетот во работењето и постигнатите резултати. Се анализирало креирањето на нови знаења, маркетингот, професионалниот однос кон купувачот, но и здравата конкуренција базирана на партнерски однос, бидејќи во бизнисот како и во животот – најважен е партнерот.

Веледрогеријата „ЗЕГИН“ се најде помеѓу оние што ги исполнуваат десетте најбитни критериуми за успешност, односно покажуваат добри деловни обичаи, водат сметка за општествената заедница, ги почитуваат еколошките норми и, според оцена на деловните партнери, е успешна компанија и вистински бизнис-партнер. Наградата што ја доби „ЗЕГИН“ е потврда за успешност и регионална препознатливост. Таа за добитниците е посебно важна затоа што компаниите сами ги избираат и оценуваат своите деловни партнери за кои сметаат дека ги исполнуваат десетте поставени критериуми.

Според зборовите на Миливое Радовановиќ, генерален директор на „Мас-медија интернационал“,наградата „Бизнис-партнер 2009“ е воведена со цел да се промовираат оние компании или институции кои во своето работење се раководат од високопрофесионални стандарди и етички норми. Од Македонија оваа награда ја имаат добиено три компании: „Алкалоид“, во 2008 година, порано винарската визба „Тиквеш“ и во 2009 година компанијата „ЗЕГИН“.

1blg3214

Дел од апартманот во Берово

Исто така, веледрогеријата „ЗЕГИН“ освоила најмногу гласови од учесниците од првото истражување на QUDAL-QUality meDAL во Македонија за 2014/2015 година. Истражувањето на QUADAL-QUality meDAL за Македонија се изврши во март 2014 година, преку интернет-прашалник, од страна на Швајцарската организација ICERTIAS – Мегународно здружение за сертификација (ICERTIAS-International Certification Association GmbH – www.icertias.com) со користење на примерок составен од 1200 испитаници.

„ЗЕГИН“ ги има добиено следните признанија: „Признание за најпознат бренд на Југоисточна Европа“, „Супер бренд во Македонија 2009 година“, „Најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ и „Регионален  бизнис партнер 2009 година“, како и плакетa за особен придонес во збогатувањето на збирката музејски предмети во Музејот на Македонија.

Посебно внимание е посветено на апартманот на Благој Механџиски што се наоѓа на излезот од Берово кон манастирот „Св. Богородица“ кој е вистински музеј. Тој се наоѓа на првиот кат и во него се сместени илјадници предмети, икони и други значајни артефакти за македонската култура, фолклор, обичаи, религија и друго. Во продолжение даваме дел од предметите во апартманот – музеј.

Во септември 2015 година, „Зегин Трговија на големо“ ја доби престижната награда „Награда за најдобар купец“, што беше доделена од швајцарската организација ИЦЕРТИАС. Анкетата е спроведена во февруари 2015 година со испрашување на 1.200 испитаници. Прашањето беше „Според ваше лично мислење и искуство, кој синџир-аптеки на македонскиот пазар нуди најдобар сооднос цена – квалитет“. Сите испитаници одговорија дека „ЗЕГИН“ е најдобриот синџир аптеки во Македонија.

Исто така во септември 2015 година, по повод Меѓународниот ден „Диетална револуција“, „Здрава храна од Зегин“ одржа едукативна презентација за здравјето и здравата исхрана во која прилика вработените во „Зегин“ на децата им служеле појадок составен од здрава храна градинката „13 Ноември“ во Скопје. Овој меѓународен ден се слави во повеќе од 70 земји, во 5.600 градови низ целиот свет.

Извор : Македонска Нација