ДИПЛОМАТСКИ МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ: МНР ПРОГЛАСИ РУСКИ ДИПЛОМАТ ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА

0
772

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја напушти земјата во рок од седум дена. 

Како што соопшти македонското МНР, на 14 мај бил повикан амбасадорот на Руската федерација, при што била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти земјата.