Официјално претставен Huawei P9 Lite

0
1052

Неколку недели по официјалното претставување на моделите P9 и P9 Plus, Huawei ја официјализираше и лајт верзијата на моделот.

Така светлото на денот го здогледа и Huawei P9 Lite која се карактеризира со 5,2-инчен екран со 1080p, но за разлика од P9, ја нема двојната камера на задната страна, туку само една, со сензор од 13 мегапиксели. Предната камера е со сензор од 8 МР.

Срцето на моделот е Kirin 650 процесор во комбинација со 2 односно 3 GB RAM меморија, што ќе зависи од пазарот и 16 GB простор за складирање. За автономијата се грижи батеријата од 3000 mAh, а оперативниот систем е Android 6.0 Marshmallow.

Европската продажба започнува во мај по препорачана цена од 299 евра.