ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ПОСТРОГА КОНТРОЛА ЗА ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС НА ПАТНИЦИТЕ ПРИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА, ФИЛИПЧЕ: ПОТРЕБНО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ ПРИЛОЖИ ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ПРЕЛЕЖАНА КОРОНА ИЛИ НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ

0
844

Поради наглото зголемување на бројот на новозаразени со корона, министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе предложи за поминување на државната граница да се бара негативен ПЦР тест, доказ за прележана корона или сертификат за вакцинација.

“За влез и излез од Северна Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка” – рече министерот Филипче.

Тој рече дека и нови мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и да се намали капацитетот во автобусите. Но засега нема одлука по ова прашање.