ЛОГА КАНИ ЕКСПЕРТИ И ПОЛИТИЧАРИ ДА „ЗАСУКААТ РАКАВИ“ СЕ ФОРМИРААТ РАБОТНА ГРУПА ШТО ЌЕ ГИ ПОДГОТВИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
357

Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии и до експерти кои имаат познавања на уставната материја.Министерството за правда соопшти дека испратило писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија.

Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии , експерти кои имаат познавања на уставната материја. Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10.04.2023 година.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава.

„За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени“ – се вели во соопштението од Министерството за правда, со кое од неодамна раководи Кренар Лога од Алијанса за Албанците.