ЕВЕ ЗОШТО ГРУЈО НЕ САКА ДА СИ ОДИ ОД ВЛАСТ: Ланските јавни набавки во Македонија „тежеле“ близу една милијарда евра! Пет проценти од ова колку е?!

0
1002
Близу милијарда евра, односно 980 милиони евра тежат јавните набавки спроведени во текот на минатата година. Најголемиот дел, 46 отсто се за стоки и услуги, 30 насто за градежни работи и 24 проценти за услуги. 
mijalkov-gruevski-s
Ова го истакнува директорот на Бирото за јавни набавки Александар Аргировски во интервју за МИА.
Во 2014 година имаме вкупно објавени 15.738 огласи. Разликата меѓу бројот на објавени огласи кој изнесува близу 22.000 и бројот на склучени договори се должи на делливоста на набавките.
Така што имаме еден оглас кој е составен од повеќе делови и за секој дел се склучува посебен договор и затоа се јавува разлика меѓу објавените огласи и склучените договори за јавни набавки, вели Аргировски.
Тој додава дека најголемиот дел од склучените договори се со домашни компании, но вели дека поголемата вредност од договорите е на оние склучени со странски компании.