4 причини зошто треба да пробате авокадо

0
1163

Веројатно вкусниот плод често влегува во составот на вашите смути, салати, сосови и т. н. Еве 4 добри причини кои ќе ви откријат зошто е добро да јадете од него секој ден.

avokado-683

Богато е со корисни масти

Авокадото е одличен извор на мононезаситени масти – најдобрите масти, кои се содржат и во маслиновото масло и се грижат за здравјето на срцето. Овие добри масти можат да помогнат за намалување на гладот.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто вклучуваат авокадо во секојдневниот оброк, го зголемуваат чувството на ситост за разлика од оние кои ја избегнуваат потрошувачката.

Авокадото е кремасто, вкусна, но и витаминска бомба

Авокадото е суперхрана! Таа изобилува со хранливи материи кои помагаат на телото да биде здраво.

Или кажано накратко, во еден плод авокадо се содржат над 14 минерали, протеини, 18 есенцијални аминокиселини, растворливи влакна, кои помагаат за контролата на вишокот холестерол, фитостероли, полифеноли, омега 3 масни киселини, витамини од групата Б витамини C, E и K и други.

Се намалува ризикот од развој на рак

Секој пат кога ќе додадете кон вашата исхрана добро созреано авокадо, вие го браните телото од развојот на рак.

Моќната комбинација од фитохемикалии во едно авокадо го спречува преносот на аденозин трифосфат до клетките на ракот. Тоа е супстанца од која тие треба да растат и да се шират.

Помага во слабеењето

Најновите истражувања во областа на здравата исхрана покажуваат дека корисните масти можат да помогнат во слабеењето. Богатата диета со здрави масти  може да го елиминира вишокот тежина.

Додавањето на половина авокадо кон вашиот ручек може да намали до 40% калории, додека ќе го зголеми чувството на ситост, што од своја страна нема да ве тера да се прејадувате помеѓу оброците.

Think.MK