ЗИЈАДИН СЕЛА ТВРДИ: БЕЗ НОВ ЗАКОН ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, ЛИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ ПРОДАВААТ ДРЖАВЈАНСТВА ЗА 5 ИЛЈАДИ ЕВРА

0
756

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ги отфрла обвинувањата дека албанската опозиција го блокира петтиот пакет економски мерки за да им се помогне на граѓаните во надминувањето на пандемијата.

“Амандманите на албанската опозиција за економскиот пакет може да се дебатираат само 3 дена во собраниските комисии, по што пакетот ќе биде одобрен на пленарна седница” – нагласува Села, додавајќи дека всушност владата е таа што го блокира пакетот, не започнувајќи ја оваа дебата во Собрание.

“Најверојатно овие немаат ниту пари и сега наоѓаат засолниште во она што го прават Алијансата и Алтернативата. Лага е што се кажува по прес-конференции и медиуми веќе еден месец и треба да им се извинат на граѓаните што играа со нивната сериозна состојба.”

Во многу потешка ситуација од граѓаните кои не добиле плати неколку месеци поради пандемијата, се илјадниците граѓани на кои им е одземено правото на државјанство и кои не примиле легално ниту една плата во текот на целиот живот. Села категорично рече дека албанската опозиција нема да се откаже од намерата да се бори против немањето државјанство, шовинизмот и корупцијата, условувајќи го секој закон со новиот Закон за државјанство.

“Дали знаете за што служи оваа категорија на граѓани? За корупција. Овa е добар план за овие партиски лидери вработени во институциите, да добијат 5000 евра во џеб и да им дадат државјанство.”