ЛИДЕРОТ НА СДСМ И ИДЕН МАНДАТАР НА ВЛАДАТА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА НОВИТЕ МИНИСТРИ, ГРКОВСКА ВИЦЕПРЕМИЕР ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА, ТУПАНЧЕВСКИ ЗА ПРАВДА, БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА ЗА КУЛТУРА, НИКОЛОВСКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА ЗА МТСП

0
1082

Денес со гласање на седницата ЦО на СДСМ и формално ги потврдивме членовите на новата влада од редовите на СДСМ. Станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација во своите ресори. Тоа се луѓе кои имаат професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството.
👉 Славица Грковска, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси. Таа е поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.
👉 Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,
👉 Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.
👉 Славјанка Петровска, министерка за одбрана, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.
👉 Оливер Спасовски, министер за ватрешни работи кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.
👉 Никола Тупанчевски, министер за правда, познат професор на Правниот факултет.
👉 Љупчо Николовски, министер за земјоделство, поранешен и успешен министер во овој ресор.
👉 Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.
👉 Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.
👉 Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект.
Од сите нив очекувам максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното. Составот на новата Влада и владината програма утре ќе ги доставам до Собранието на Република Северна Македонија.
Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните.
Почитувани граѓани, поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме.