ЌЕ СЕ НАДМИНЕ ВЕТОТО СО НОВАТА БУГАРСКА ВЛАДА, АРТАН ГРУБИ: ОПТИМИСТИ СМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА САМИТОТ НА ЕУ

0
664

“Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за почнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година” – изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

“Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги” – рече Артан Груби.

“Имаме нова Влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата Влада, која е резултат од изборите кои само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап, затоа што кај нас има подготвеност за компромис кој што е достоинствен и за нашата земја, посебно за моите сограѓани Македонци” – смета Груби.