ЦУК : СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ОСТВАРИ УВИД НА САНИРАЊЕТО НА КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА ПОПЛАВУВАЊЕ ВО ОПШТИНА БОСИЛОВО, ЗАЕДНО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТО МАНЧЕВ

0
789

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, оствари увид на санирањето на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали каде што се излева водата при големи врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во 2021 година во оваа општина.

Веднаш по поплавите на 21 декември минатата година при првата посета на критичните точки во Општина Босилово, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК).

Денеска на терен беа посетени истите критични места при што се изврши увид на санацијата на истите. Инаку, посетата беше остварена на покана на градоначалникот на Општина Бослово.