(Видео) Заев им ја затна устата на режимските глодари : Јас немам имот надвор од државата, НО ПОЛА ВРВ НА ВРХУШКАТА ОД ВЛАСТА ИМА ВИЛИ ВО ГРЦИЈА!

0
1401

Screenshot_1

Никола Груевски е исплашен од себе, од своите телефонски разговри, од народот. Никола сеуште имаш време сам да заминеш, поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ зарем ќе поддржувате вакви граѓани, рече Заев на прес конференцијата.

Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ја губи довербата кај албанските граѓани зашто уште не објавува ништо за албанските политичари, рече дека ќе се оди според планот и повика на единство на сите етнички заедници кон една единствена цел.

-Се ќе дојде во во свое време. Целата вистина ја ветивме, и целата вистина ќе биде објавена, рече Заев.

Заев беше прашан „зошто ја криел хациендата“ во Грција.

-Не сакам да ја коментирам имотната состојба на моите братучеди, јас се што имам е овде во Македонија. За имотот на роднини и пријатели, нив ќе ги прашате. Пола од врхушката од власта имаат имот во Грција, тоа патриотите, ги знаете.

Според Заев “бомбите“ имаат ефект и тој е очигледен. Тој кажа дека еден од следните чекори ќе биде доказ на што била ставена опозицијата и што морала да помине најавувајќи разговори во кои целта на власта биле функционери од опозицијата.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Sdhfnpjg8ss[/youtube]

-Повеќе од 70% од материјалите се за луѓе кои не се од власта ниту соработници со власта, рече Заев и објасни дека не може тие што биле прислушувани и чија приватност била нарушена од страна на власта сега повторно да поминуваат низ истиот стрес.

-Нашата цел се сите оние кои незаконски работеле, односно незаконските постапки на власта, рече Заев.

За средбата во Брисел и очекувањата од дијалогот Заев рече дека СДСМ не бега од тоа, но и дека е невозможна мисија да се воспостави дијалог овде во Македонија без посреднишво на меѓународната заедница.

-Сакаме да дадеме шанса на дијалогот, но не можам да ги кажам очекувањата, рече Заев.

-Не знам дали ги слушате овие разговори иако вашиот медиум не ги објавува. Какво зло е направени врз нашата земја. Зарем мислите дека лидерот на опозицијата без докази кој тоа го правел ќе излезе пред јавноста со овие разговри? Немам никакви дилеми кој тоа го правел и како тоа го правел, рече Заев на новинарско прашање дали ќе ја прифати одгворноста доколку му се пресуди дека е виновен.

Никола Младенов, раслојување на опозицијата, Монструм се следите бомби, а меѓу нив и пописот.