КУРТОНКИТЕ СЕ ИСПОТЕПАА: Ванковска и Каракамишева се испокараа за ВМРО-ДПМНЕ, која била поголем душман

0
1312

Универзитетските професорки Билјана Ванковска и Татјана Каракамишева се испокараа на социјалните мрежи, во обидот да се докажат која е поголем патриот, а кој поголем душман на ВМРО-ДПМНЕ.

Најпрвин Ванковска објави твит со следнава содржина: „Бојкотирачите станаа фундаменталисти. Не понудија ништо освен пизма, завист, суета, ароганција, па и примитивизам. На исто место се најде чудна и неверојатна дружина на Палчовци и Росокли, Каракамишеви и Мирки… Највалканата кампања дојде од овој кампус, дури и кога беше завиткана во квазинаучна (со импакт факто) обланда, напиша Ванковска.

На ова пак и врати Каракамишева:

„Најголемиот душман на ВМРО изминативе години ПОВТОРНО во деструктивен поход на навреди и измислени табори. “Либералкава” никако да ја научи вредноста на индивидуата. Моите Вмровски, Македонски и патриотски идеали не ме прават фундаменталист, НАПРОТИВ. Кои се твоите идеали Билјана?, напиша Каракамишева.