Граѓанинот и малограѓаните !

0
1258

Градоначалник !

Слушам на твојата TV, која ја канализира твојата „визија„за Прилеп, како граѓаните-жителите на Прилеп, кои не се согласувале со изградбата на спомениците во Прилеп ги нарекуваш „малограѓани„.

Зборот „Малограѓанин„ во нашиот Македонски речник, Градоначалник означува „Самозадоволен, тесноград човек со лицемерно однеcување, ограничен на својот интерес и на својата сигурност„. Препознаваш ли некој таков, кога стоиш пред огледало?

Не им кажуваш Мацко, на твоите Прилепски „мало-граѓани„ дека Камчевска-Милевска те испеглала за спомениците кои широкоградо ги направи во изминативе години низ Прилеп. Не им кажуваш дека ќе бидеш казнет и од приватниот а богами и од Општинскиот буџет, затоа што асли-законски ги подигаше кај што ќе ти текне.

Да ти го разградам терминов „Малограѓанин„ низ примерот со спомениците Мацко, збор по збор, за да сватиш кои сме ние е кој си ти…

„Самозадоволен„ човек ти е човек кој кој е уверен во своето достоинство и способности, човек кој изразува задоволство од самиот себеси. Пример: ти си самозадоволен од помислата дека благодарение на тебе во Прилеп никнале еден куп споменици и мислиш дека друг како тебе нема.

„Тесноград„, Мацко ти е човек кој поседува ограничени, тесни сфаќања, човек со ограничен дух. Пример: Ти не сваќаш дека луѓево во Прилеп немаат пари за леб да си купат и умираат по болници ами за тебе е важно само дека се градат споменици благодарение на тебе.

„Лицемерен„ Мацко ти е човек кој што е неискрен, дволичен во однесуваето. Пример: додека стоиш пред камери и преку изградбата на секој споменик, го промовираш напредокот во заживување на културно историското наследство на државава, во себе ја криеш твојата вистинска цел дека од секој споменик земеш провизија.

Ова последново „ограничен на својот интерес и својата сигурност„, сигурно ти е познато, затоа што означува некоја добивка, корист. Пример: Колку повеќе споменици, толку поголема корист со која се задоволова твојата сигурност.

А ние, останатите жители на Прилеп, Градоначалник сме за тебе „малограѓани„, само затоа што ти си „Самозадоволен„?

Имај си на ум, Мацко дека терминот „Самозадоволен„, кој помага за да се објасни поимот „Малограѓанин„ служи за појаснување и на други поими, како на пример „Чакиџија„,Прилепски израз за маж, кој се самозадоволува со рака.

Малограѓанинот кој се самозадоволува со твојата неукост: Жарко Стеваноски.

Пишува : адвокат Жарко Стеваноски