КУЗЕСКА : ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, ПЕНЗИИ, ИНВЕСТИЦИИ И ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО 2024 ГОДИНА

0
343

Прес-конференција,  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Годината којашто е пред нас ќе биде уште подобра од изминатата на економски план. Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено.

Влијанијата на шоковите од енергетската и економската криза  врз глобалните економии се уште се присутни, но антикризните мерки го даваат посакуваниот резултат.

Економскиот раст оваа 2024 година ќе се забрза на 3,4%, инфлацијата ќе продолжи да се намалува на под 4%, а буџетскиот дефицит ќе биде помал.

Платите, пензиите и инвестициите и понатаму ќе се зголемуваат, ќе има повеќе за сите.

Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии согласно новата методологија.

Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори.

Просечната месечна плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари.

Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ минималната плата СДСМ ја зголеми за над 100%.

Оваа година ќе има и ново зголемување на минималната плата.

Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија. Пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ и оваа година.

Во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.

Во времето на ДПМНЕ невработеноста беше 25%, со СДСМ невработеноста во овој момент е околу 14%.

Странските инвестиции во 2016 година во време на ДПМНЕ изнесуваа 338 милиони евра.

Во 2022, година после пандемија со КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, односно во време на СДСМ изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година.

Инвестициите во ТИРЗ во време на ДПМНЕ во 2016 изнесувале кумулативно 600 милиони евра. Во 2023, во време на СДСМ, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра.

Во тешки услови обезбедивме историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2,6 милијарди евра. А во времето на ДПМНЕ поддршката за граѓаните беше НУЛА!

Со СДСМ има повеќе за сите. Социјалдемократските политики во економијата се покажаа како најуспешен економски модел кој носи повеќе за сите.