КУЗЕСКА : ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ПРСТ НЕ МРДНАА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

0
175

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Скопје го диши најзагадениот воздух, скопјани секојдневно ги чувствуваат последиците од нечистиот воздух. Вината секако дека ја лоцираме токму кај градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе 2 години не видовме ништо да исполнат од тоа што го ветија. Ги нема зелените површини, ги нема трим патеките и се она што подразбира заштита на животната средина.

Она што можам да го забележам и би сакала да го истакнам во овој момент е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови откако Скопје веќе се наоѓа на табела за најзагадени градови во светот, не сме ги виделе да излезат со ниту една изјава, со ниту еден коментар токму за загадениот воздух а камо ли да понудат некакви мерки со кои што би се заштитиле скопјани.

Јас од тука би прашала дали можеби за новогодишните празници заминале на некое планинско место каде што, на страна од сите којшто останаа тука, тие дишат чист воздух?