ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА НИ ГИ УДРАТ ОД ГЛАВА ПАСОШИТЕ: ЗА 10 ГОДИНИ 66 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ДОБИЈА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, СИТЕ СО ДОКАЗ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, ВЕЛИ БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА АХЛАДОВА

0
1630

Бугарската министерка за правда Десислава Ахладова денеска одговараше на пратенички прашања во бугарскиот парламент. (Фото: Министерство за правда на Бугарија).

Бугарскиот весник „Дневник“ денеска објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент, како одговор на пратеничко прашање. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката.

Од 1 јануари 2020 година до 22 октомври 2020 година, барање за добивање бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски граѓани, а од нив 77.726 врз основ на бугарско потекло. За истиот период, со претседателски указ бугарско државјанство добиле 65.675 Македонци.

Прашањето го постави пратеникот на владејачката ГЕРБ Христо Гаџев.