КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС : ФЛУМИНЕНЗЕ ЈА СОВЛАДА БОКА ЈУНИОРС И ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА СТАНА ШАМПИОН НА ЈУЖНА АМЕРИКА!

0
363

Петта година едноподруго, бразилски клуб ја освојува најпрестижната клупска титула во Јужна Америка. Флуминензе вечерва на преполната „Маракана“ во Рио де Жанеиро по продолженијата славеше со 2:1 над Бока Јуниорс и за првпат во својата историја успеа да стане шампион на Јужна Америка.

Во второто финале во клупската историја (првото го загубија во 2008 година) Флуминензе успеа да ја сопре Бока која се надеваше дека вечерва може да дојде до седмата титула и да се израмни на вечната листа со Индепендиенте.

Бразилците поведоа со голот на Жерман Кано, Аргентинецот кој настапува за бразилскиот тим во 36. минута. Бразилците добро се бранеа, но со еден фантастичен погодок на Адвинкула во 72. минута, Бока успеа да израмни на 1:1 и да се избори за допонителни 30 минути.

Во првото подолжение Џон Кенеди успеа да ја затресе мрежата на Ромеро и да ги постави конечните 2:1. До крајот Бока имаше иницијатива, но не успеа да израмни и да се избори за пенали.