ЕСКОБАР : ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА БУГАРИЈА НЕМА ДА ДОДАВА ПОВЕЌЕ УСЛОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА

0
402

Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан Габриел Ескобар, во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија кон ЕУ.

Ескобар нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.

На исто прашање за гаранции од Бугарија по евентуалното внесување на Бугарите во Уставот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ неодамна рече дека е прилично сигурен оти „Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго“.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, претходно изјави дека усвојувањето на уставните измени е само првиот чекор, а не и последниот.

Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес“, одговори Ескобар.

Гласот на Америка: Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат?