СЕ ОЧЕКУВА ПОДОБРУВАЊЕ ДЕНОВИВЕ, ФИЛИПЧЕ: НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ, ДА ОСТАНЕМЕ ПРЕТПАЗЛИВИ

0
825

Министерот за здравство, Венко Филипче по редовната координација со директорите на клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците. Сепак подготвени се дополнителни капацитети во болниците низ целата држава.

“Справувањето со овој трет бран, кој е многу силен, е исклучително тешко не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, Р0 факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така” – вели Филипче.