“Полицијата заплени дрога вредна над 800 000 евра, приведен е и висок полициски службеник” – објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Засега нема повеќе детали за полициската акција, освен дека е спроведена заедно со американската агенција за борба против наркотици.
“Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот” – напиша Спасовски на Фејсбук.