Венко Филипче : Денес се сретнав со претставниците на Сојузот на средношколци кои имаа можност да присуствуваат на состанок на Комисијата за заразни болести

0
790
Денес се сретнав со претставниците на Сојузот на средношколци кои имаа можност да присуствуваат на состанок на Комисијата за заразни болести. Таму им ги презентиравме извештаите со деталната состојба на Ковид-19 во земјава, но најважно од се‘ дискутиравме за периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно.
Ги информирав средношколците дека сите мерки и протоколи се донесени врз стручни анализи и препораки на Комисијата и се во интерес на заштитата на нивното здравје. Периодот кој следи може да биде ризичен и да донесе зголемен број заразени па затоа нагласив дека е потребно разбирање и соработка од сите, особено од младите.
Се‘ може да се надомести, но здравјето и човечкиот живот не. Се договоривме да продолжиме со комуникација и понатаму, се‘ со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година.
Фејсбук статус на Венко Филипче.