СЕФЕР СЕЛИМИ : ВМРО-ДПМНЕ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ И ПАРТНЕР КАЈ АЛБАНЦИТЕ И ЗА ТОА ЌЕ МУ ТРЕБА МНОГУ ВРЕМЕ, А ДУИ НЕМА ИНТЕРЕС ДА ПРАВИ ИЗБОРИ СО НИВ

0
841

На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба уште време за да стане кредибилен партнер на Албанците, а ДУИ нема причини да стравува од обединување на сите други албански партии, вели тој за неделникот Фокус.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими смета дека поголеми се шансите актуелната Влада да го заврши цел мандат, отколку опозицијата да предизвика предвремени парламентарни избори. Во изјава за неделникот Фокус, тој вели дека ниту една владејачка партија нема интерес да предизвика вонредни избори, заедно со опозицијата.

-Во последните 15 години, предвремени парламентарни избори секогаш имало кога и одговарало на власта, која го контролира мнозинството во парламентот потребно за распуштање и одржување на избори. Сега, ниту еден од актерите во власта нема интерес за предвремени избори – вели Селими.

За има нови вонредни избори, всушност треба да се спојат интересите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, меѓутоа, како што оценува Селими, тоа е од аспект на бројки, бидејќи, според него, тешко може да дојде до приближување на политичките позиции на двете партии.