КОЛЕВА : МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ СО ЛАЖНИТЕ АНКЕТИ

0
158

Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагнада од најславните денови на Никола Груевски.

Тоа значи и еден систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.

Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.За градоначалниците на ДПМНЕ пак е предвидена „обврска“ кон Владимир Божиновски.Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.

Тоа е истата партија која ја урна слободата, ја зароби државата и која повторно и повторно сака да го прави истото.Затоа продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Не смееме да дозволиме враќање назад.Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме.

На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.Или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ, кон врвна слобода и функционални институции.