ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НЕГОВИОТ КОЛЕГА, ДИРЕКТОРОТ НА РОМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ИНСПЕКТОР БЕНОНЕ МАРИАН МАТЕИ И ПОЛИЦИСКОТО АТАШЕ МАРИУС ИОРГУЛЕСКУ

0
139
Средба на директорот на македонската полиција со делегација на романската полиција, потенцирано успешното справување на нашата полиција со предизвиците поврзани со мигрантите.

Денеска (04.04.2024) директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски оствари работна средба со делегација на романската полиција, предводена од генералниот инспектор Беноне Мариан Матеи и полициското аташе Мариус Иоргулеску. На средбата беше потенцирана успешната соработка на двете полиции, при што беа разгледани можностите за продлабочување на истата, како и отворање нови начини на комуникација.

Од страна на генералниот инспектор Матеи беше потенцирано успешното справување на македонската полиција со секојдневните предизвици поврзани со миграцијата, посочувајќи дека искуствата стекнати во изминатите години треба да бидат ценети од сите во Европската унија, при што искажа уверување дека овие искуства може да бидат споделени со полициските службеници во Романија. Воедно генералниот инспектор Матеи го покани директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски, да оствари посета на Романија со цел утврдување на темите од заеднички интерес.

Директорот Тасевски изрази подготвеност за споделување на искуствата кои граничната полиција ги има стекнато, соработката меѓу македонската и романската полиција да се одржува на високо ниво и констатираше дека новите форми на криминал бараат континуирана соработка заснована на меѓусебна доверба.